Менторски тим
Избравме тим од ментори кои се долгогодишни фриленсери и ќе ви помогнат да изградите успешна фриленс кареира.
Менторски тим
Избравме тим од ментори кои се долгогодишни фриленсери, подготвени да ви помогнат да изградите успешна фриленс кареира.

Блаже преку проектот на RECONOMY помогна на многу луѓе да започнат и изградат фриленс кариери. Toј има 8 годишно искуство како фриленсер, беше и еден од говорниците на Првата Конференција На Фриленсери која се одржа во Мериот Хотел Скопје.
“Според статистиките на Upwork, 59 милиони американци работат како фриленсери. Тогаш зошто ние од Македонија не би работеле како фриленсери, за повисоки цени и директно за странскиот пазар? Оваа обука ги содржи најдобрите можни совети за фриленсинг и поставува нови стандарди за квалитет и ексклузивност на информации.”

Повеќе од 8-годишно искуство во регрутмент и човечки ресурси. Последните 5 години активна како фриленсер консултант и дел од менаџмент тимот на Британска регрутмент агенција за remote workers/freelancers. Една од говорниците на Првата Конференција за Фриленсери.
“Најчесто поставуваното прашање кога станува збор за почетоците на фриленс кариера е ‘Зошто не добивам повратен одговор од клиентите?’ Фриленс обуката водена од искусни ментори има за основна цел да даде одговор на ова и на многу други слични прашања. Оваа обука е точно тоа што би сакала да го имав кога започнував со мојата фриленс кариера.”

Добри e дел од проектот на RECONOMY за менторирање идни фриленсери уште од самите почетоци. Тој има повеќе од 5 години искуство во видео продукција. Како фриленсер има соработувано со голем број интернационални клиенти меѓу кои и Microsoft и UOB.
"Фриленсингот е кај нас е во подем и многу луѓе се одлучуваат да градат фриленс кариера. Треба да се следат светските трендови, фриленсингот ми овозможи да се поврзам со клиенти од целиот свет и да имам редовни приходи. Секојдневните предизвици ја прават оваа професија привлечна. Секој клиент има различни желби и барања, така што работниот ден е секогаш интересен."


Имаш прашања?
Не двоуми се! Контактирај не!
075-859-021
contact@freelanceacademy.mk
Freelance Academy.mk | 2023 © All rights reserved.
Freelance Academy.mk | 2023 © All rights reserved.
